KNIGA

Зошто „Емоционално секојдневие“
Критички осврт на „Емоционално секојдневие
Сликата од насловната страна
Синергија
Измени и дополненија:
Портфолио на рецензентите
Наводи и наводници
Биобиблиографија
Контакт и набавка

 

Белешката за авторот
Препорака
Посвета
Наместо предговор
Прикаската за Клошарот
Кармата и судбината
Хипотезата
Бордел
Човек, и кога ќе умре, не е на раат
Содржина
Автобиографија
Закон за здраво (емоционално) живеење
Животно недоразбирање
Среќата во себе

Автобиографија

Влатко Поповски - Владек е роден во 10:20 часот, на 1 јули 966 во Скопје. Како трето и најмало дете, само дваесет минути после неговиот близнак.
Како дете не разбирал како тоа понекогаш чувствува вулкан во себе, а понекогаш не чувствувал ништо. Незадоволен од тоа како се чувствувал и како средината се однесува со него, многу млад започнува да бара одговор на тоа, што му се случува. Запрепастен е од неговите родители, инаку и двајцата педагози, колку не покажуваат интерес за овие негови проблеми. Тој не наоѓа разбирање ниту кај класната, ниту кај другите авторитети во неговиот живот за попосле да разбере дека тие си воделе сметка само за нивниот комодитет, на крај да сфати дека тие и не знаеле што (му) прават.
При неговото истражување за сопствените емоции запознал број на психијатри и психолози за кои исто така вели дека не разбира што тие прават. Се венча со образована жена, професор и педагог, и повторно се чуди што ли тие на факултетот учат за животот, семејството и воспитувањето на децата. Потоа интензивно се занимава со трансакциона анализа за подоцна да продолжи со гешталт терапија, правци кои конечно му потпомогнале да најде одговори на неговите прашања и со помош на тераписките техники од гешталт да почне да си се чувствува доволно добро. Психологијата речиси му станува втора професија.
Дипломиран авиоинженер, вработен, разведен, татко на две деца. Има намера да умре (премине) на сто четириесет и нешто години. Издавањето на книгава, му дојде како ејакулација.