|
|
Зошто „Емоционално секојдневие“
Белешката за авторот |
Биобиблиографија Влатко Поповски е роден на 1 јули `66 во Скопје. Автор е на неколку подзаконски прописи и соработник на неколку закона. Има изготвено стручна литература за летање под наслов „Збирка прашања“ (со одговори), книга која Воздухопловната федерација ја има предложено за 13-то ноемвриска награда. Има изготвено повеќе програми за обука, програми за безбедност на авијацијата и е соработник на други стратешки документи од национален интерес за државата, како и на бројни помали акти. Го има изготвено Законот за здраво (емоционално) живеење, кој го промовира заедно со неговата книга „Емоционално секојдневие“ (660 стр.) за да може да биде сфатен, книга која воедно е студија зошто тој закон да биде донесен или преточен во други закони. Во компјутерот, сè уште необјавени му седат бројни раскази, поеми, колумни и филозофски творби. Има преведено мноштво од меѓународни прописи и друга стручна воздухопловна литература.
|