KNIGA

Зошто „Емоционално секојдневие“
Критички осврт на „Емоционално секојдневие
Сликата од насловната страна
Синергија
Измени и дополненија:
Портфолио на рецензентите
Наводи и наводници
Биобиблиографија
Контакт и набавка

 

Белешката за авторот
Препорака
Посвета
Наместо предговор
Прикаската за Клошарот
Кармата и судбината
Хипотезата
Бордел
Човек, и кога ќе умре, не е на раат
Содржина
Автобиографија
Закон за здраво (емоционално) живеење
Животно недоразбирање
Среќата во себе

Хипотезатa

Немам претстава од каде ми е тезава дека: „Животот на поединецот започнува со несвесната потреба на родителот да има дете и несвесната одлука 'зошто решил да го створи', со кој мотив решил да го роди и зошто го донел на овој свет.“ Ако нема друга ваква теза или теорија, си го задржувам правото и на оваа хипотеза. Мотивот зошто сака или не сака да има дете, може да биде и свесен, или тоа ниво на свесност да е само несвесна манипулација на самиот себе. Потсвесно може да е нешто сосем друго во прашање, некој друг мотив апсолутно несвесен. Најморбидно, ступидно и застрашувачки ми е образложението дека сака да има дете `затоа што така треба`.

Потоа продолжувам со тезата дека потребите на родителот се претвораат во негови несвесни очекувања од детето, па родителските очекувања стануваат кај детето „сопствени очекувања од самото себе“. За на крај детето да се изгуби од себе, и служи само за да ги задоволува потребите на родителот. Ова вирее како модел на живеење кај `детето` (човекот). Овој систем, бидејќи станал негов, си функционира и кога родителите ќе преминат. Тоа е `нивно постхумно влијание` врз детето, се додека самото не се свести, што (си) прави и како си го прави. Мислам дека вака се раѓа внатрешното чувство на празнина, незадоволство и несреќа. Без да знае, се што прави, човекот прави така да ги задоволи родителите и средината, а тој си останува неисполнет и нервозен. Ваквиот нека се препознае по реченицата која ја помислува „А зошто нему да му биде убаво?“

За да се разбере и сфати хипотезата, во крајна сметка хипотетички да се земе во обѕир, треба да се доживее целата книга, особено да се пратат поднасловите Прикаската за Клошарот, Кармата и судбината (сите пет дела на почетокот и крајот на книгата), Наместо предговор, Воспитание, Послушност, Советот и поддршката, Несвесни влијанија, Несвесни очекувања, и сите други текстови поврзани со очекувањата, Претходни животи, Поглед на задгробниот живот, Животно недоразбирање и други.