|
|
Зошто „Емоционално секојдневие“
Белешката за авторот |
Наместо предговор Во моето истражување забележав дека: „Родителите многу често не си ги љубат децата, туку ја љубат сликата што (си) ја замислиле за нив.“ Ова недоразбирање кај детето предизвикува немерливи душевни страдања. Во ваква ситуација, за да може организмот да опстане, и физички но пред се мислам на емоционален опстанок, неможејќи на друг начин да се справи, за да ја елиминира оваа неподнослива болка, мозокот ги исклучува емоциите па така детето повеќе не ја чувствува болката но не ја чувствува ни љубовта. Не се чувствува (ни) себе. Во овој момент се преобразува и започнува некој друг живот само што не е свесно за тоа. Речиси никој не е свесен за оваа појава и овој подмолен несвесен процес.
|