KNIGA

Зошто „Емоционално секојдневие“
Критички осврт на „Емоционално секојдневие
Сликата од насловната страна
Синергија
Измени и дополненија:
Портфолио на рецензентите
Наводи и наводници
Биобиблиографија
Контакт и набавка

 

Белешката за авторот
Препорака
Посвета
Наместо предговор
Прикаската за Клошарот
Кармата и судбината
Хипотезата
Бордел
Човек, и кога ќе умре, не е на раат
Содржина
Автобиографија
Закон за здраво (емоционално) живеење
Животно недоразбирање
Среќата во себе

Прикаската за Клошарот

Се шетаат една госпоѓа и еден млад господин. Наидуваат на еден клошар кој лежи на асфалтот и спие. Госпоѓата воздивнува и се прашува на глас:
-Зошто ли овој човек живее вака?
А господинот одговара:
-Затоа, што мајка му го сакала таков!
На тоа госпоѓата, зачудена од одговорот, вели:
-Но, на тој човек сигурно мајка му одамна не е жива, што бара сега тука?
На тоа господинот ѝ вели:
-Сега тој сака да е таков!
Госпоѓата уште позачудена од вториот одговор прашува:
-Но, зошто тој би сакал да е ваков?
-"За да го сака мајка му", одговара младиот господин и си продолжува со шетањето...


Влатко Поповски - Владек
13.06.2004
Студентски град, Софија