KNIGA

Зошто „Емоционално секојдневие“
Критички осврт на „Емоционално секојдневие
Сликата од насловната страна
Синергија
Измени и дополненија:
Портфолио на рецензентите
Наводи и наводници
Биобиблиографија
Контакт и набавка

 

Белешката за авторот
Препорака
Посвета
Наместо предговор
Прикаската за Клошарот
Кармата и судбината
Хипотезата
Бордел
Човек, и кога ќе умре, не е на раат
Содржина
Автобиографија
Закон за здраво (емоционално) живеење
Животно недоразбирање
Среќата во себе

Собранието, односно Пратениците на РМ,

Свесни за природата на човекот;
Свесни за значењето на семејството во животот на луѓето;
Свесни за колективната траума која ја предизвикуваат недоразбирањата меѓу луѓето;
Свесни за транс-генерацискиот трансфер и наследниот модел на однесување;
Сакајќи да промовираат поквалитетен живот;
Сакајќи да постигнат здрав развој на општеството;
Сакајќи да го олеснат почетокот на новиот живот;
Сакајќи да изградат значајни врски помеѓу квалитетот на живеење во душата на човекот, во семејството и квалитетот на живеење во земјата;

денес, на својата вонредна седница, по итна постапка, едногласно донесоа

ЗАКОН
за здраво (емоционално) живеење

Член 1
(Општа одредба)

Со овој Закон се поедноставува начинот на разубавување на емотивниот живот, подобрување на здравјето и квалитетот на живеењето. Уште наречен закон за квалитетно живеење. Живеење саглам и со ќеф. Закон за хумани релации и слатко душевно живеење.
Со погруби зборови кажано „Закон за заштита од тиранија на умот и тиранија на душата“.

Член 2
(Дефиниции)

Одредени поими во овој закон го имаат следното значење:
Животен сопатник, сопружник или брачен другар, во овој текст, имаат потполно еднакво значење. Тоа е лице кое решило да си создаде ново семејство и нова среќа.
Транс-генерациски трансфер е пренесувањето пораки, ставови, сценарија, емоции, аманети, преданија, слики за нештата или слика за животот, од дедо на чедо, од колено на колено, од родител на дете, од старо на младо, од претходникот на следбеникот, на наредни поколенија, на потомството итн.
Наследен модел на однесување е несвесно имитирање на родителите од страна на децата.
Прекинување е прекинувањето на некој емотивен процес. Тоа е невидлив начин да се осакати некое дете од страна на родителот. Прекинувањето е силување во спротивна насока. Кога некого го прекинуваме, со употреба на сила, не му даваме да прави нешто што сака да прави, или ќе го пресечеме на сред работа, игра, смеа, додека зборува, плаче и сл. Прекинување е прекинувањето на циклусот на задоволување.
Воспитување е процес до осамостојување. Тоа е процес на раст и развој во атмосфера што ја даваат родителите и општеството. По тоа колку децата кога ќе пораснат се зрели, возрасни и самостојни, се гледа колку и како се воспитани. По тоа како им е во душичката, така се воспитувани.
Позив е личната определба со што ќе се занимаваме подолг временски период. Тоа е потесен избор на професија, занимање, занает што нè исполнува и душевно нè задоволува.
Мајка или Татко, во овој Закон не подразбира биолошки родители, туку оние кои имаат таква улога.
Љубов е почит кон душата човекова и нејзините потреби, односно почит кон сопствените и чувствата на другиот. Уживање во себе и во присуството на другиот таков каков што си е. Тоа е чувствување и уживање во спиритот. Потреба за љубов значи потреба за живот.
Еротска љубов е љубовта помеѓу маж(от) и жена(та). Доаѓа од зборот ерос, што едновремено значи живот и љубов. Тоа се сензациите и стимулусите од поглед, допир, збор, прикаска, мирис, вкус, присуство, позитивна енергија, поддршка, гушкање, бакнување, секс, почит, гест и слично.
Квалитет на живеење. За ова нема дефиниција и не може да се измери. Квалитетот е немерлив, бидејќи животот не се продава. Секој сам си знае како се чувствува.
Емоционален бериќет е плод, богатство на душата добиени со љубов и возвратени на љубов.
Ѓаволчето е дел од човекот, внатре во него, кој што за другите луѓе е невидлив, токму затоа што го криеме и таиме. Уште наречен, другата страна на човекот.
Луцидност е ведрина, бистрина на духот и на умот, јасност, свесност.

Член 3
(Избор на животен сопатник)

Секој е должен да си избере животен сопатник, чија што среќа буди и го прави среќен и него самиот, па сопствената среќа му ја пренесува на сопружникот и така возвратно.
Интимата и интимноста најприсно се негува со сопружникот.

продолжува

Законот содржи 64 члена и образложение, а книгата
„Емоционално секојдневие“ е како студија зошто тој или таков закон да биде донесен.