|
|
Зошто „Емоционално секојдневие“
Белешката за авторот |
Животно недоразбирање „Животно недоразбирање“ или недоразбирање од животен значај е недоразбирањето помеѓу родителот и неговото дете. Родителот имајќи своја визија за детето не му дава подршка на детето во неговиот живот, неговата природа и неговата определба, баш напротив се обидува да го моделира и да го направи онакво какво што си го замислил. Во вакви случаи, родителот има очекување од детето да се претвори во сопствената визија за него, а детето има очекувања родителот да му даде поддршка за неговиот живот. Тоа го обезличува и изопачува детето. Неисполнувајќи си ги меѓусебните очекувања едниот, најчесто и двајцата се разочарани еден од друг. Детето немајќи поддршка од родителите во најблага форма се чувствува како да нема родители или како да не е сакано од нив. Ова кај детето создава недоверба, антипатија или аверзија кон љубовта и блискоста. Небитно е дали родителот имал било каква идеја зошто го створил. Како се однесувал со детето, тоа таква пораки добивало. Бидејќи родителите се вградуваат во `умот` на детето, во такви случаи тоа не си дава поддршка на самото себе и бара поддршка од другите. Згора на тоа, во ваква домашна атмосфера детето се отуѓува од себе, па не може самото да си помогне. Луѓето за ваков човек кога прави нелогични постапки знаат да кажат: „Што мајка бара таму?“ Со претпоставка дека си бара мајка. Што се случува внатре во човекот, физички речиси не се забележува. Забегување на ваквите деца во најблага форма може да отиде во два три правци: * * * Нарцистичкиот лик, понатака многу жестоко се бори за опстанок и човекот станува се повеќе таков (бетер) и се подлабоко заглавува во својот филм. Понатаму низ животот тој виртуелен лик (софтвер во разумот) самиот си пушта дразби и стимулуси да си се одржува и јакне себеси. Автентичниот лик (душата) на поединецот можно е толку да избледнеал што човекот не е свесен дека живее имагинарен лик и си прави филм(ови) во главата. Си продолжува со таквиот живот, да не остане и без него, познато во психологијата како страв од смрт, а всушност се плаши да не му умрат идеите или идејата за себе. Раз/умот или психата цело време се бори да си го задржи воспоставениот режим на работа и ништо друго. А му изгледа како којзнае што прави. Ова е надвор од свеста на човекот. Само си бараат подршка за сопствените илузии (верувања). Колку крв се пролеало заради ова. Егоцентричноста на човековиот ум (психа), влијаела и на некои животни, како кучето и мачето, и ги подредил на себе. * * * Животно недоразбирање е кога од друг очекуваме да биде нешто што не е, да се претвори во ликот од нашата илузија за него. Од тука почнуваат сите проблеми. Одлуката со која родителот го донел детето на овој свет е коренот на животот. Родителот дури и да `немал` идеја ниту одлука зошто го створил и зошто детето го донел на овој свет, според начинот како се однесувал кон него, поточно како детето сето тоа го доживеало, донело таков заклучок и мнение за себе. * * * Ова сознание, дека родителот не си го љубел детето туку сликата што си ја замислил за него, колку за детето исто толку е болно и за родителот. Таквиот тешко дека ќе се соочи со фактот дека никогаш не си го љубел детето туку си ја љубел сопствената илузија (за него). Бидејќи илузијата си е негова, си се љубел себеси. Ова сознание може до таа мерка да боли, така да мозокот во сврха на одбрана од болката, надвор од неговата свест може да се исклучува и да не го прифаќа ова или му пушти други дразби и да му создава друга слика (илузии) за нештата, да поверува во нешто друго и да го однесе човекот во подруг и за него `розов` свет. Детето како мало нема сознание дека родителот не го љубел него туку некое друго имагинарно дете, ама тоа многу добро го почувствувал. Вербалните пораки од родителите дека многу го сакаат само го збунува и уште повеќе му го загорчува животот. * * * Виртуелен пигмалионизам е кога ќе си створи (идеален) лик, особа како ментална скулптура во главата и ќе се вљуби во него. (Принц / принцеза од бајќи.) Класичен пигмалионизам тука ми значи кога некој се обидува детето, партнерот или некој друг да го претвори во она што го замислил.
|