KNIGA

Зошто „Емоционално секојдневие“
Критички осврт на „Емоционално секојдневие
Сликата од насловната страна
Синергија
Измени и дополненија:
Портфолио на рецензентите
Наводи и наводници
Биобиблиографија
Контакт и набавка

 

Белешката за авторот
Препорака
Посвета
Наместо предговор
Прикаската за Клошарот
Кармата и судбината
Хипотезата
Бордел
Човек, и кога ќе умре, не е на раат
Содржина
Автобиографија
Закон за здраво (емоционално) живеење
Животно недоразбирање
Среќата во себе

Зошто „Емоционално секојдневие“

Никакви нови откритија, никаков напредок, никакви науки одамна не водат сметка за тоа, дали некаде постои некое несреќно дете.

Алберт Ајнштајн

 

За иронија на насловот, ова е несекојдневна книга.
Во овој транзициски период, пропратен од неколку војни во изминативе 16 години кој ги чувствувавме како свои, бидејќи секогаш ни се случуваа во наша земја, во услови каде некогашните вредности повеќе не важат и во новонастанатата ситуација каде човекот се бори за гол опстанок, и во културолошка збрка помеѓу праминатото, дамнешното и скорото минато, сегашноста и иднината, секојдневно оптоварени со контрадикторни информации, и поред новите технолошки и медицински достигнувања болниците се сè повеќе полни, и со сè помоќниот државен апарат криминалот е во пораст, и поред се поусовршеното образование бројот на разводи е се поголем, авторот на книгата ја објаснува сржта и коренот на човековите проблеми на врвно професионален начин преку хумор и лично искуство на јазик достапен секому.
Напишана во негов автентичен стил, „Влези во улога на другиот и почувствувај ги неговите емоции“, Владек укажува на тоа, „Како луѓето најлесно да се разберат“. Оваа книга не само што нè потсетува дека сме подзаборавиле што во суштина е убав живот и вистинско воспитание на децата, укажува и на улогата на институциите и на државата во квалитетот на живеењето. Воедно и самиот тој нуди решенија за поубав живот во душичката на поединецот.
Поред тоа што оваа книга треба секој да ја прочита, таа може да се користи и како учебник, макар што Влатко и самиот вели дека ова не е учебник и дека психологија не може да се научи од книги. Како што: „љубов не се учи со читање“. Сепак, истата може да им потпомогне дури и на студентите по психологија, не да научат психологија, туку да ја доживеат и сфатат. Само што луѓето не сакаат да се соочат со `својата друга страна`, па така тој неприметно, на негов начин, го воведува читателот во волшебниот свет на несвесното и потсвесното.
Неминовно е издавањето на оваа книга да биде потпомогнато од љубителите на љубовта, бидејќи љубовта не е обврска наложена со закон.
Како што самиот автор раскажува, се работи за негово 26 годишно истражување и четири години работа на оваа книга. Овој труд едноставно не може да се купи со пари, но со мала парична помош може да се даде значај за ваквиот труд и доприносот за квалитетот на живеење во семејството и во општеството воопшто. Што со своите коментари го потврдуваат неговите реномирани рецензенти.
Инаку, сè започнало кога сакал, од негова гледна точка, да им укаже на цимерите, „што им се случува“, па ја создал „Прикаската за Клошарот“ сказна од пет реда, за подоцна да му требаат 660 страни да ја објасни таа сказна. Напишана по принципот, „пишувај како што зборуваш, зборувај како што чувствуваш“, многу автентично ги доловува неговите чувства и видувања за сè што гледал и што го опкружувало. Ги компромитира заблудите за љубовта и на виделина ги вади внатрешните содржини на човекот. На тој начин доаѓа до вистинската љубов, искреноста.
Бидејќи тој не е психолог, без страв да се замери со некого и без влакна на јазикот укажува и на недостатоците од имплементацијата на психологијата во животот во државата. Воедно укажува и на последиците од погрешната примена на психологијата. Што лично го доживеал.
Книгата отвора нови видици и отвора еден друг свет со исклучително убава филозофија на живеење која едновремено дава и радост и спокој во душата. Забележливо е дека се работи за `студија` на живеењето на ова поднебје, и дека не се работи за превод на филозофии од други култури. Само тој успева детално да ја опише жената, за на крај читателот самиот да сфати дека оној што не ги сака жените, не може ни да ги мрази. Со влегување во нејзина улога, како што раскажува, влегол внатре во психата на жената и видел што несвесно ѝ се случува, а самата таа не знае. Вешто и можеби малку морбидно, но умешно опишувајќи ги и последиците од неприродната промена на улогите на мажот и жената, и неприродното несвесно преземање на улоги воопшто.
Авторот се конфронтира со многу големи институции и традиционални сфаќања за психологијата и затоа не очекува поддршка од сите нив. Но како што самиот кажува, и врвните професионалци потајно му признаваат за увидите кој храбро ги објавува во книгата, и не се по веќе видено клише.
Книгата ги обработува чувствата, емоциите, психологијата и филозофијата на живеење како што досега никој не го напишал. Преку раскази, вицови, песнички, лични доживувања и филозофски мисли, допира до емоциите на читателот избегнувајќи го интелектот што е суштината на психологијата која ја промовира, доаѓајќи до смисолот на неговиот живот да си се чувствува добро и тој самиот и заедно со тој до него. Со еден збор кажано зборува за љубовта, онака како тој ја гледа каква што тој посакува.
Земјава има недостаток од вакви книги, па така „Емоционално секојдневие“ несомнено ќе го збогати македонското литературно и книжевно творештво.
За време на читањето, со некои работи ќе се сретнете прв пат, па нема да ви биде сеедно, но до крајот или малку попосле, ќе го засакате човекот што ја напишал книгата. Работата е (само) да го дочекате тој момент.