KNIGA

Зошто „Емоционално секојдневие“
Критички осврт на „Емоционално секојдневие
Сликата од насловната страна
Синергија
Измени и дополненија:
Портфолио на рецензентите
Наводи и наводници
Биобиблиографија
Контакт и набавка

 

Белешката за авторот
Препорака
Посвета
Наместо предговор
Прикаската за Клошарот
Кармата и судбината
Хипотезата
Бордел
Човек, и кога ќе умре, не е на раат
Содржина
Автобиографија
Закон за здраво (емоционално) живеење
Животно недоразбирање
Среќата во себе

КОРЕКЦИИ НА ПРВОТО ИЗДАНИЕ
ВО КНИГАТА ЗАБОРАВИВ ДА НАПИШАМ ДЕКА...
ДОПОЛНЕНИЈА

 

Корекции на првото издание

Црвените зборови да се вметнат во текстот

На страна 475 некаде на средината: „Се разбира, никој не може без апсолутно никаква поддршка од надвор,

Во книгата заборавив да напишам дека:

Менталната хигиена е еликсирот на младоста. А тоа е да си млад во духот како изгреј сонцето, секое убаво утро, секој убав ден, секој ден.

* * *

За да се видите себеси, погледнете се преку очите на другиот. Влезете во негова улога и почувствувајте ги неговите емоции. Видете како тој се чувствува (поред вас).

* * *
Како што животните имаат инстинкт, осет и претчувство, тврдам дека и луѓето ги имаат тие природно вродени дарби. Само што кај луѓето со образовно воспитниот процес тие дарби пополека се губат (потиснуваат) и надвладува `разумот`, кој кога ќе почне сам за себе да функционира го губи смисолот на животот. Тогаш почнува некој нелогичен (смисол на) живот. Неброени се формите на самозалажување и квази живеење на таков изопачен и разобличен (раз)ум. Еден таков, наместо љубов, постојано си бараше обврски.
Душата, чувствата, емоциите се дел од човекот, впрочем тие се животот. Од недоразбирања, особено од „Животното недоразбирање“ настанува душевна болка, психата во раното детство неможејќи да се справи со оваа душевна болка ги (под)исклучува емоциите и така човекот се оддалечува од себе и си ја отуѓува душата или само некои нејзини делови (емоционално психички компоненти). Лекот е да се прифати и болката и ситуацијата и недоразбирањето. Да се прифаќа реалноста. Тоа е созревање.
Во отсуство на доброто, емоциите и чувствата, се раѓа или доаѓа до израз злото или лошотилакот. Зомби, демон, ѓавол или дух се симболични термини во оваа книга за човек што ги исклучил емоциите, се отуѓил од себе и раз/умот несвесно креирал друг безосетен лик.
Расцепен човек е како обезличено тело без душа, а со нарцистички маски на лицето, водено од разумот и интроектите, поточно од нечија туѓа волја и бубачки во главата, и избледена душа како да е надвор од телото како дух што оди (со мислите) на друго место и/или во друго време. И телото и душата гладуваат по љубов, и до таа мерка може да се прегладнети што не ја чувствуваат гладта. Телото не ни препознава дека душата (премалена) си ја носи во себе и дека таа умира од глад по љубов и доколку `умре` човекот се претвора во демон (зомби). Ова се случува кога човекот ќе ги исклучи емоциите и не препознава што душата му сака. Во преносно значење, во емотивниот живот тоа е послушникот. Само што тој нема такво доживување за себе, и се чуди што му фали. А тоа е контакт со душата негова, односно љубов.

* * *
Психата тешко разликува едни емоции од други, па кога исклучува една исклучува многу други цел сноп на емоции и така заради една лоша може да не ги чувствува другите убави работи во животот.

* * *
Со сила јадење, со сила учење, со сила спиење... Љубов со сила не бива. Така ги силуваме и изнасилуваме децата, и ги правиме насилници. Заради законите и моралните норми, таа деструктивна енергија луѓето или ретрофлексивно ја вртат кон себе или на суптилен и перфиден начин ги загрозуваат другите. Човештвото сè уште (како да) не е свесно за ова.

* * *
Главните проблеми кај поединецот, семејството и општеството потекнуваат од примарното семејство. Меѓу другото, во адолесценцијата ги учеле да бидат `добри` ќерки и синови (деца), а не ги учеле (како) да бидат добри љубовници, сопружници, домаќини и родители. Не ги `учеле` како да прераснат во здрави возрасни луѓе, а во душата млади.

* * *
Сакам книгава моја да стигне до читателите пред да ме голтне, (емоционално) да ме асимилира и проголта, државнава администрација.

* * *
Психолозите и филозофите да (пот)престанат на емоциите да гледаат како наука, туку (само) да (ги) чувствуваат и прифаќаат.

* * *
Широко прифатениот збор cool, може да има многу различни значења и секому му значи нешто слично, а (по)друго. Јас тој збор би го заменил со warm (срдечност и топлина во душата), што е нареден чекор во процесот, човекот и луѓето да си се чувствуваат добро.

* * *
Крајно време е да се преземе нешто и законски да се изедначат двата родитела. Ми се гади од демагогијата за правата на жените.

* * *
Крајно време е веќе отворено да се зборува за теми во стилот: Што да прави маж со сопруга што, или кога, не му дава? Од друга страна да ја разбереш и нејзе. Што ѝ е тој во нејзиниот живот за таа да спие со него? Жена без љубов кон мажот се чувствува (нај)сигурна кога си има претстава дека мажот (ѝ) не може без нејзе. Можеби затоа што таа не може без него.
Како настанал пеколот во бракот ќе дознаете во „Емоционално секојдневие“.

* * *
Нема ништо подраго на овој свет од жена што ужива во сексот, љубовта и сексипилот, што ужива во животот и природните убавини.

* * *
Човекот (невротичар) на лицето има отприлика онолку слоеви (маски) колку што има години. Премачкан со сите бои, слоеви наталожени на базичниот проблем. Погледнете ги поднасловите „Зелката (Купусот)“ и „Први април“. Со исто толку слоеви поединецот е разделен од себе. Замислете како двајца конверзираат со по неколку префинети кондоми преку главата, на лицето. Затоа луѓето не се разбираат.

* * *
Како човек кога се навикнува на аромата (сопствена) во домот, па му мириса убаво, така е навикнат на неговото однесување па не ни чувствува колку смрди, во друг случај не може ни да почувствува колку убаво мириса. Оној што си мисли дека е нешто посебно е забеган нарцис(т).

* * *
Освестување значи контакт со тоа. Да го почувствуваме, да го осетиме, да го доживееме тоа што го носиме во себе. Да го знаете е свесност (awareness) само на интелектуално (површно) ниво. Да го почувствувате е свесност (consciousness) на подлабоко емоционално ниво. Ваква свесност е потребна за човекот да ги сфати нештата, во подлабок контакт со себе.

* * *
Доколку сакате некому, болен, осамен или изгубен да му помогнете, не кажувајте му ништо. Единствено нешто што може да му кажете е да се обиде да стапи во контакт со себе и да распознае и препознае што навистина му треба на душичката.

* * *
Додека истражував и се консултирав со луѓе, не ни знаев дека со освестувањето им ги раскринкував илузиите од кои не сакаа да се откажат, и им разоткривав нешто што не сакаа да видат. Така дознав што е pay back. L
Човекот освен што сака да си ги задоволува природните потреби сака и да си ги потврдува сопствените илузии и ништо друго. Забеган е оној кој се откажал од природните потреби и си живее само во илузиите.

* * *
Правните, културолошките и социјалните рамки ја одземаат природноста и спонтаноста на животот. Единствено нешто што ни останува е спонтаност во одредени рамки. Затоа предлагам хуманизација и натурализација на правото. Што би значело похумани закони и поблиски до природата и природните законитости.

* * *
Обидувајќи се да го преведам "me, my self and I", дојдов до „јас, моето битие и моето постоење (меѓуделување со средината)“.

* * *
Драг читателу, ако имаш некое зборче или фраза што (ти) означува некое чувство или емоција, или има било какви нејаснотии или забелешки на книгата испрати ми ги на: emocionalno.sekojdnevie@gmail.com

* * *
Било какви корекции во книгата „Емоционално секојдневие“ ќе бидат објавени на порталов. Новите сознанија ... Е вакви нема да имам. Јас со психологија (наука) повеќе не се занимавам. Од сега само ќе (се) чувствувам и така ќе се однесувам.

* * *
Пред секој термин во книгава замислете: емоционално, психички, ментално или душевно, во зависност која придавка повеќе одговара. Така се чита оваа книга.

 

Дополненија

Во следните поднаслови додадете си ги следниве текстови:

„Самодеструктивци“, „Кој што кажува“ и „Мистика за смртта“
Самоубиецот не се убива себеси, го убива тоа што се случува во него мислејќи дека така ќе се спаси.
Убиецот го убива тој што го предизвикува тоа (чувство) што се случува во него, и најчесто бесот кон примарните објекти го трансферира на друг објект. Односно она `лошо` што несвесно сака да им го направи на родителите им го прави на други(те) или си го прави себеси.

„Потребата за моќ“
Оној што само сака да контролира можеби е `параноиден`. Сака да (по)верува дека неговите илузии се стварноста, или се обидува реалноста да ја претвори во сликата од неговиот (раз)ум.

„Илузии“
Илузија е несвесна креација на `умот`, слика што `разумот` сам ја создал и само тоа го гледа. Таа слика за човекот (здравиот) е многу стварна и му изгледа како реалност. Никој не може да каже што е тоа илузија, се додека не се откаже од идејата (сопствена) или престане да верува во тоа.

„Две во едно“
Тепачкиот дел расте како мечка и во себе си помислува еден ден кога ќе пораснам ...

Здрав човек не ги малтретира другите (ниту себе), и не ни помислува дека тоа го прави за нивно добро.

Жените често не кажуваат што сакаат и посакуваат, бидејќи тоа што им доаѓа им изгледа нехумано или неморално. Ама не е така. На фантазматско ниво се, ама буквално се е дозволено. Со молчење само го потиснуваат тоа внатре, и во нив тоа расте како мечка. Слободно со најблиските, со попот или со терапевтот нека проговори за тоа што им (на)доаѓа од внатре. Така ослабува, се задоволува или исчезнува.

„Два ума“
Двата ума, во овој поднаслов, замислете ги како два софтвера или оперативни система кои се испреплетуваат меѓусебе.

„Законот на привлекување“
Тоа што ви го прават луѓето е само рефлексија на тоа што вие, без да знаете, им го испраќате како несвесна невербална порака.
Во обична конверзација ако кажам дека, „луѓето си ги сакаат проблемите што ги имаат“, звучи неверојатно, но на потсвесно и несвесно ниво тоа е апсолутна вистина. Луѓето си ги сакаат и предизвикуваат проблемите, токму тие што ги имаат и такви какви ги имаат. Првиот чекор за ослободување од ова е самозапрашувањето: „Што си правам и како си го правам?“ (несвесно)

„Влегов во улога на жена и ..., ме фати инает“
Инает како каприц. Без причина, повод или мотив одненадеж го менува својот став.

„Фази на оджалување“
и сè така додека не го оджали и прежали губитокот, престане да му биде значаен, да му стане небитно, односно да му е сеедно.

„Претполагања“
Многу е важно со каква идеја ги конзумираме и ги примаме нештата. Тоа многу влијае на недоразбирањата. Најдобро е работите да ги примаме без своја идеја.

„Образложение на Законот за здраво (емоционално) живеење“
Прозивање на децата е забрането. Секогаш кога ќе биде прозвано детето се чувствува исплашено, набедено или засрамено. Во најблага форма во неизвесност. Најстрого е забрането овие чувства да му се наметнуваат на дете(то). „Набеден“ доаѓа од направи беден. Секогаш кога ќе го прозвате детето го фрлате во беда. Името на детето се изговара само топло, искрено, милно и галовно.