KNIGA

Зошто „Емоционално секојдневие“
Критички осврт на „Емоционално секојдневие
Сликата од насловната страна
Синергија
Измени и дополненија:
Портфолио на рецензентите
Наводи и наводници
Биобиблиографија
Контакт и набавка

 

Белешката за авторот
Препорака
Посвета
Наместо предговор
Прикаската за Клошарот
Кармата и судбината
Хипотезата
Бордел
Човек, и кога ќе умре, не е на раат
Содржина
Автобиографија
Закон за здраво (емоционално) живеење
Животно недоразбирање
Среќата во себе

Критички осврт на „Емоционално секојдневие“

Видно е дека контроверзиите во неговите емоции ги ставил на хартија, и храбро ги објавува своите ставови во стил: „Луѓето ги ценам по тоа, како се чувствуваат. Поточно, како јас се чувствувам крај него. Најточно, како се чувствуваме кога сме заедно. Т.Е. дали си се чувствуваме добро, и двајцата.“ Или: „Бракот го подразбирам како поле за сладок емоционален бериќет.“ Потоа, во којзнае каква состојба, да каже нешто во стилот: „Овој град, зрел е за нов земјотрес.“
Поред фактот што тој не е психолог си зема за право да ја компромитира психологијата, поточно нејзиниот пристап кон самата себе. Од друга страна, менторката и рецензентите се токму од таа бранша. Интересно е колку хипотези и мисли провејуваат низ текстот, што можеби ни тој самиот не ги забележал. Ни писател, а како што кажува ни читател, на интернет си објавил веб страна и тивко, скромно и боемски си ја издал книгата. Кој ли е овој човек? Несомнено зборува за нешто што сме го позаборавиле, а тоа се чувствата и убавото расположение. Видно е дека друго и не го интересира, само што за тој да си е добро, имал потреба и тој до него да си се чувствува добро. Интересно е што во моменти на инспирација, го користи името Владек, прекар што само одреден круг на негови пријатели го користи и го ословува така.
Како да се провлекуваат неколку книги во една. Само што не се знае дали се работи за синдром на писател почетник или намерно го оставил тоа така. Ако го извадиш неговото разочарување и бес, ќе остане убава филозофија и љубов. Ако го извадиш хуморот, ќе се претвори во книга од психологија, ако ја извадиш психологијата ќе се претвори во автобиографски документарец не за неговите реални случувања туку за неговите доживувања на реалноста, како тој се чувствувал со сето тоа што го опкружувало и му се случувало.
Очигледно не можел да ги разбере луѓето (некои) и многу време поминало откако се запрашал: Што барам јас со такви што не ги разбирам? За на крај да сфати дека тоа што не ги разбира луѓето е негов проблем. Не разбирам, значело не (ги) сфаќам односно не ги прифаќам. Од страна гледано, некои работи во неговиот живот изгледа и не биле за прифаќање. За да си се чувствува (по)добро постојано трагал по нешто, само што на почетокот не знаел што е тоа што постојано му фали и недостасува. Со цел да му се радува на денот, не знаел што да направи ни од каде да тргне (појде). Не знаел ни на каде оди.  Тој пат не водел никаде, за конечно да разбере дека за се, ама буквално за се треба да појде од себе. Кога почнал да истражува не ни знаел точно што бара, за на крај да сфати дека си се барал себеси, си ја барал душата, само што ја барал на погрешен начин и на погрешно место. Со години си ја потпевнувал, "I still haven’t found what I’m looking for", само што тогаш си ја пеел "...what I’ve been looking for" и никако не му текнувало тоа што го бара да го побара во себе. Душата наша е внатре во нас. Требало само да стапи во контакт со себе и тогаш човекот си се наоѓа себеси, си се сплотуваат душата и телото.
Воден од разумот негов, лутал долго време и како изгубен талкал се додека не почнал да (се) чувствува, дури тогаш почнал да сфаќа. Сфатил дека не си се прифаќал себеси, како последица на тоа што не бил прифатен од неговите (Каков? Таков!) и така живеел во свет на неговите несвесни фантазии, само што илузиите се дел човекот и таа слика и тој филм му е (како) стварност.
Раскажува дека внатре во човекот понекогаш настанува расцеп помеѓу телото и душата и за тоа да се надмине човекот треба да си ги вклучи емоциите и да почне да чувствува. Чувствата се линкот на телото и душата. Разумот треба да биде слуга на душата и телото. Се случи ли обратното, човекот се претвора во демон. Кога човекот ќе се расцепи, душата и телото (внатре во него, а) не живеат заедно и тогаш разумот креира друг (виртуелен) лик, најчесто онаков каков несвесно го посакувала мајка му или сосем спротивното, и човекот наместо да го живее својот живот, го живее животот на тој (имагинарен) лик. Само што не е свесен за тоа. Неговиот автентичен дел, можно е да избледнеал и да не го препознава воопшто. Расцепен човек живее во црно бел свет.
Несомнено дека книгата е интересна само што никој не успеа да каже во кој жанр спаѓа. Веројатно и авторот толку се разбирал од книжевност. Затоа најубаво е да се каже дека: Ова е книга за животот.
Да праќа само една порака веднаш ќе станеше многу популарна книга, само што авторот праќа неколку и тоа многу силни пораки, па за масовна популарност изгледа дека ќе почека малку народот тоа да го прифати. Како да сака, до каде стигаат неговите сознанија, сè што знае за љубовта и животот да го опише во (една) книга, па на моменти читателот се чувствува `запрашан`, за до крај на книгата секој да сфати дека без оглед на сè, човекот може убаво да си живее и да си се чувствува добро, и предлага начини како да се дојде до тоа.
За цело време авторот изгледа скромно, или само се прави на удрен, но сликата која ја дава за светов изгледа многу реална само што прашање е дали сакаме да го согледаме тоа. Самиот автор раскажува дека оваа книга нема да го промени светот, рече: „за мене би било доволно да иницира процеси на осознавање на нештата барем во мојот круг, во мојот свет“.
Многу критички е свртен кон правниот систем, а самиот е предлагач на закон. Ако не друго, барам сме сведоци на изготвување на еден несекојдневен закон, каков што дефинитивно ни недостасува, заедно со цела студија и образложение, зошто да биде донесен. Во прилог на книгата, го има и Законот за здраво (емоционално) живеење.
Како што еден збор може да има две или повеќе значења, така авторот со два или повеќе зборови се обидувал да објасни една иста мисла едно исто значење, па текстот малку му се проширил. Кога книгата била само 400 страници, му се видела голема па почнал да крати и станала безмалку 666 страни. Среќа што запрел на време. Оваа книга има двесте поднаслови, есеи како независни мали целини. Самата за себе претставува целина доколку си дозволите да ја почувствувате целата.
Обично психолозите со искуството преку клиентите пишуваат книги за психотерапија. Овдека клиентот преку искуството со терапевтите напишал книга. Меѓу другото и за нив.

Претполагајќи, тргнувајќи со претпоставка, дека човекот не е одлепен, тезите како настанале некои работи, и ако настанале најГолемите, изгледа не се само интересна прикаска.