KNIGA

Зошто „Емоционално секојдневие“
Критички осврт на „Емоционално секојдневие
Сликата од насловната страна
Синергија
Измени и дополненија:
Портфолио на рецензентите
Наводи и наводници
Биобиблиографија
Контакт и набавка

 

Белешката за авторот
Препорака
Посвета
Наместо предговор
Прикаската за Клошарот
Кармата и судбината
Хипотезата
Бордел
Човек, и кога ќе умре, не е на раат
Содржина
Автобиографија
Закон за здраво (емоционално) живеење
Животно недоразбирање
Среќата во себе

Наводи и наводници

За да можам барем малку да ги доловам моите чувства во писмена форма ми беа потребни пет шест врсти на наводи и наводници. Македонскиот правопис тоа не го дозволува. Се обидов со употребата на масни и закосени букви, загради и со употребата на различен фонт на букви. Ова уште еднаш потврдува дека емоциите можат да се пренесат само со емоции.
Словото во македонската култура и јазик има огромно значење. Само што со Законот за употребата на македонскиот јазик се направи спротивен ефект. Јазикот се повеќе се осиромашува. Треба во законот да се даде можност, сите дијалекти и стари зборови да се користат како `литературни` зборови. Употребата на литературен јазик, технички и стручни зборови ги оддалечува луѓето. Само преку локалниот говор луѓето се разбираат како треба. Локалните зборови даваат експресија на емоции.
Во книгава се прилагодив на правилото: „Спонтаност во одредени рамки.“ Знам дека тоа ги штури емоциите и животот, ама ... Сепак си зедов за право да одберам две врсти на наводи и наводници, со тоа што и други две врсти од англиската тастатура ми се провлекуваат многу ретко и повремено. Знам дека ќе извршам `упад` во системите на граматика и правописот (што не можеше да се избегне), ама без неколку видови на наводници, поради комплексност на материјата, нема да можам да кажам што сакам или читателот нема да ме разбере. Ја прифаќам цената што ќе треба да ја платам и да изгледам `неписмен`, само книгава да биде сфатена. Знам дека од лекторите не можам да очекувам сугестии што не се во `ригидниот дух` на македонскиот правопис, ама можат да ми овозможат да си се изразувам автентично, само така ќе бидам разбран. Тоа ми е и главната поента на книгата, како да се разбереме.
Размислував, заради специфика на материјата, да воведам различни наводници во мојата книга. „За наслови“, "За цитати", 'иронија', за `двосмислено` значење, „за `двојни` наводници“, за ``правото`` значење што ни значи само нас во душата, за дијалог и друго. Не знаев како да ги одбележувам моите цитати, а како цитатите позајмени од друг? Дали неговото име се означува закосено како цитатот. Па заборавив да прашам и да се решам. Како да го обележувам текстот кога директно се обраќам на читателот или му кажувам на читателот како да чита. Како да ги пишувам, недовршените реченици што говорникот ги задржува во себе, а јас ги вербализирам во негово име. Имав потреба да ги разграничам улогите кога зборувам во улога на Влатко, за веднаш потоа давам коментар како независен набљудувач или автор на книгата. Како да го обележувам вербализацијата на емоциите од друга улога на пример жена или дете. Во случајов во прво лице еднина од улога на адолесцент. „Не знам што сакам, ама го сакам веднаш! Ти сети се што сакам!“ Размислував, не изречените цитати од улога на жена и дете, односно вербализација на нивните емоции кои и самите не ги препознаваат (а јас си мислам дека ги имаат) да ги одбележувам на следниов начин: -Сакам нешто, ама не знам што!-
Без да сакам, кога ќе кажам нешто во книгава, за да бидам подобро сфатен [барем така си мислам (чувствувам)],  во заграда го кажував тоа истото само со други зборови (на друг начин). Ме разбирате! Заградите ги употребував и за други работи. (како на пример `имплицитните`)
Исто така размислував, каков фонт да употребам за закосени букви. Фонтот кој го одбрав е дискутабилен кај буквите, т,д,п,г (т,д,п,г). „тато и мамо, дојдете,  професорот има големо откритие.“

Некои дилеми ми останаа и по објавувањето на книгата. Однапред се заблагодарувам секому кои ќе ми помогне наредното издание да изгледа подобро.