|
|
Зошто „Емоционално секојдневие“
Белешката за авторот |
Синергија Лекторот на книгава сакаше ова дело да изгледа книжевно. Не знам што му е. Учителките стално викаа: „Ајде сега со свој зборови.“ Емоции не можат да се прикажат со литературен говор и правописни правила. Експресијата на чувствата се искажуваат слободно само онака како што ти доаѓа однатре (поинаку и не може да биде). Без емоциите оваа книга би била сувопарна, неразбирлива и несфатена. Јас не сум ни психолог ни писател, ова се чувства, народни записи и спев. Творбава е создадена од луѓето во мојот круг и јас.
„Емоционално секојдневие“ меѓу другото е резултат и типичен пример на синергија на овие двајца на сликава. Влатко Поповски и Биљана Копрова во институтот „Советувалиште за хумана соработка“. Синергија или синергетика е симултана акција на засебни индивидуи кои заедно работејќи кооперативно, севкупно постигнуваат поголем ефект отколку збирот на делата што би ги сработиле засебно.
|