KNIGA

Зошто „Емоционално секојдневие“
Критички осврт на „Емоционално секојдневие
Сликата од насловната страна
Синергија
Измени и дополненија:
Портфолио на рецензентите
Наводи и наводници
Биобиблиографија
Контакт и набавка

 

Белешката за авторот
Препорака
Посвета
Наместо предговор
Прикаската за Клошарот
Кармата и судбината
Хипотезата
Бордел
Човек, и кога ќе умре, не е на раат
Содржина
Автобиографија
Закон за здраво (емоционално) живеење
Животно недоразбирање
Среќата во себе

Сликата на насловната страна

Умот си создава слика и таа ментална слика е тоа што го гледа. Само што не може да препознае дали сликата ја создава од надворешните или внатрешните дразби, стимулуси и сензации. Дали сликата е создадена од тоа што надвор го гледа со очите, слуша од надвор, мириса, вкусува, допира, чувствува по кожата, затегање на мускулите, од преточување на водата во средното уво (во авијација), или од стари дразби запишани во потсвеста, интроектите, или од дразби несвесно создадени од сопствените желби и потреби, идеи и претчувства.  Така не разликува реалност од илузија. Умот си има своја стварност. Дразбите, сензациите, стимулусите кои ги испраќа самиот мозок ни создаваат (погрешна) слика за нештата - илузија, а нас ни изгледа дека тоа е реалноста. Лекот е да се распознаваат и препознаваат префинетите дразби, ситните нешта, кои доаѓаат од надвор и да го доживуваме нивниот стимулус.
Сликата на насловната страна, што ја предложија Смиле Цветановски и Тони Анастасовски, е од непознат автор и го опишува најголемиот и најважниот дел од книгата. Родителите (на девојката) се интроектирани во нејзе (разумот на детето) и ѝ го замаглуваат и заслепуваат умот, очите, видот, слухот и осетот. Во таков случај, се што гледа, го гледа преку очите на родителите и само тоа препознава, како нив ги `доживува` нештата или таква слика си создава. Чувствата што ни се раѓаат и сликата што ја добиваме во главата се изопачени од пораките кои ги содржат интроектите. Таквиот како да е неспособен самиот да проценува и расудува. Наместо својот, го живее животот на родителите или оној што тие го посакувале за него или сосем спротивниот. Не може ни да согледа (препознае) од каде (од таму) потекнува повремениот пожар што гори во него, доколку од него (душата му) воопшто нешто останало. Колку и да се обидува да не ги есапи родителите, човекот несвесно постапува така (или сосем спротивно), а тоа не го знае. Така е и кај мене, така е кај сите. Излезот од ова е контакт со себе и со сопствените желби и потреби.
Родителите стануваат дел од умот и психата на детето. Ако се карале или не соработувале, тие два дела во детето меѓусебно се караат или не соработуваат. Оној момент кога тоа (внатре во него) ќе стане неподносливо, мозокот ги исклучува тие делови и детето може да не чувствува ништо по тоа прашање или во главата да си создаде родители какви што посакува. Леле мајко кога ќе се разбуди. Кај разведни родители, детето обидувајќи се да си ги спои тие два дела, постојано се обидува, се надева или очекува родителите да се смират. Можеби најдобро веднаш да му се (у)каже на ситуацијата за да престане да се надева и да почне да си живее нормално. Кај емоционално разведени родители, кои физички живеат заедно, оваа ситуација во детето е потполно иста дури и посложена.
Не дека мајките се лоши или не знам какви, мајката е првиот објект со кој се сретнува детето од светот на реалноста. Детето со раѓањето има свои потреби, согласно тоа и такви очекувања. Ако не му бидат исполнети следуваат разочарувања токму од неа. Детето нема свест, комуницира само со потсвест.
Дали за да ја задоволи, дали за да ја казни (мајка му), дали има или изгубил доверба во нејзе, задоволен или разочаран од неа што не му го давала тоа што му треба ниту поддршка на неговата природа, се јавува сервилност или пркос и злоба, и само да ѝ угоди или да ѝ оди контра, апсолутно несвесно го прави тоа што таа го сакала (сценариски) или сосем спротивното (антисценариски). Леле колку ова е несвесно. Чекор да се ослободи од ова е да разликува спротивно од обратно. Спротивно е тоа истото само во друга крајност. Обратно значи обратно од двете, да го напушти и сценариото и антисценариото, да стапи во контакт со себе и се што прави да прави за себе. Само (емоционално) возрасен односно зрел човек е слободен и има неограничен избор.
Нервниот систем (психата) кај децата е неселективен. Внимавајте во каква атмосфера (ви) растат децата. Од сплет на околности и/или лошо воспитание, нервниот систем може да му остане слабо селективен или (пре)затворен. Ова може да е извор на многу `необјасниви` нешта.

Децата сакаат да ги слушате, во секое значење на овој збор. Внимателно да ги слушате додека зборуваат без да ги прекинувате. Да ги слушате односно да ги чуете. Да ги слушате, да ги осеќате и да ги доловите нивните чувства. Да ги слушате и да им одите по ќефот. Да им обрнувате внимание и да им се `покорите` и да ги исполнувате нивните желби и потреби. Да ги сослушувате (ислушувате), смирувате и дознавате за самите нив и друго што е важно за нив. Да препознавате што им се случува во главчето и во душата и да покажете разбирање за тоа. Доколку дел или се ова го очекувате од нив, значи дека вие сте детето и имате потреба тоа да води грижа за вас.